САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран

Средбата меѓу украинските преговарачи и американските посредници планирана за оваа недела се одложува како одговор на американскиот предлог, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-Во моментов, приоритетот на партнерите и целото внимание се насочени кон ситуацијата околу Иран – објави тој на Х по средбата со украинскиот преговарачки тим.
-Сепак, Украина е подготвена за средба во секој момент, во формат што може да помогне и што ќе биде реалистичен во однос на завршување на војната – рече Зеленски.
Тој изјави дека му наложил на тимот да ги информира американските преговарачи дека Украина е подготвена за заедничка работа со САД во заштитата од напади со дронови. Украина го понуди своето искуство во спротивставување на дронови на американските сили во Заливот.
Осврнувајќи се на разговорите со Русија, тој рече: „Гледаме дека Русите сега се обидуваат да манипулираат со ситуацијата на Блискиот Исток и регионот на Заливот во корист на нивната агресија, а исто така и ефикасно да ги претворат нападите на иранскиот режим против неговите соседи и американските бази во втор фронт на руската војна против Украина и, пошироко, против целиот Запад“.
Кабинетот на Зеленски претходно ги демантираше медиумските извештаи за можна средба во Истанбул в среда меѓу украински, руски и американски делегации.
Минатата недела, разговорите планирани во Абу Даби меѓу Украина и Русија под американско посредство беа одложени поради безбедносни причини.
Пред нешто повеќе од една недела, САД и Израел почнаа напади од големи размери врз Иран, што го поттикна Техеран да одговори со ракети и дронови насочени кон израелска територија, американските сили и сојузничките позиции низ регионот на Заливот.
МИА
Ново на Сител
-

Шест волови од кривопаланечко залутале во Бугарија, за нивната судбина ќе одлучуваат бугарските институции
-

Половината ваучери за инвертер клими веќе подигнати, рокот истекува на 17 април
-

Без вода корисниците на потегот од фонтаната во Градски Парк до Влада
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026
-

Најстудено на Попова Шапка, -3 степени и 53 сантиметри снег
-

Уапсен 21-годишен скопјанец, при претрес пронајдени се 19 паковки со кокаин
-

Трамп: Иран сака договор, но се плаши од сопствениот народ тоа да го признае
-

Вчеравечер почувствуван земјотрес од 5 степени по Рихтер во југоисточните делови на Македонија
