Либертис: Слободата на медиумите низ ЕУ е под постојан напад

Новинарите во ЕУ се повеќе се соочуваат со вознемирување, закани и насилство, новинските куќи се во сопственост на сè помалку сопственици, а јавната доверба во медиумите значително се намали, покажа новиот извештај на Европската унија за граѓански слободи „Либертис“.
Петтиот годишен извештај за слободата на медиумите од невладината организација наведува дека податоците од извештајот треба да ги стават претставниците на ЕУ „во состојба на висока готовност“ бидејќи слободата на медиумите и плурализмот се „под постојан напад“ низ цела Европа.
Либертис предупреди дека независноста на јавните медиуми постојано еродира поради политичко мешање и намалување на буџетот, а новинарите се сè повеќе попречени од ограничувањата на слободата на изразување и пристапот до информации.
Анкетата на Либертис, која опфати 22 земји-членки на ЕУ, исто така покажа дека безбедноста на новинарите била сериозно загрозена во изминатата година, при што медиумските работници се соочиле со „екстремно физичко насилство и системско правно вознемирување“.
Во неа се наведуваат случаи на насилство во Грција, Италија и Холандија, а исто така се предупредува на зголемување на онлајн вознемирувањето, вклучувајќи закани со смрт, кампањи за клевета од страна на политичарите и државен надзор врз новинарите.
Либертис, исто така, истакна дека тужбите СЛАПП (стратешки тужби против учество на јавноста, SLAPP) сè уште се користат широко за замолчување на новинарите и медиумските куќи, и покрај директивата на ЕУ против СЛАПП, која сè уште не е правилно имплементирана во некои земји-членки.
Континуираната концентрација на сопственост во медиумите и недостатокот на транспарентност на сопственоста низ цела ЕУ, исто така, привлекуваат внимание, вели Либертис во својот извештај за 2025 година. Во неа се посочуваат Унгарија и Франција, но исто така се наведува дека постои растечка загриженост за концентрацијата на сопственост во Холандија, Грција, Германија, Шпанија и особено Словачка.
Јавните телевизиски и радио сервиси претрпеа „сериозно системско политичко мешање, намалување на буџетот и структурни промени што ја загрозија нивната основна мисија“ минатата година, вели Либертис во извештајот, посочувајќи на целосно „заробување на државата“ во некои земји-членки на ЕУ, објави Гардијан.
Јавните медиуми се исто така загрозени од финансиска нестабилност, а се наведуваат примери како Франција, каде што се предлага спојување на јавни радиодифузни сервиси, Германија, која затвора 16 радиостаници и два ТВ-канала за вести, и Белгија, чиј јавен радиодифузен сервис се соочува со големи намалувања на буџетот.
Исто така, се наведува дека само три од 22-те анкетирани земји-членки, вклучувајќи ги Германија и Ирска, пријавиле „релативно висока“ доверба во медиумите, додека во некои земји, како што се Грција, Романија и Бугарија, таа е „критично ниска“.
МИА
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
