Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите

Собранието денеска ќе ја одржи 122. пленарна седница, а по гласањето на дневниот ред најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот.
На дневен ред на 122 седница се предлог на одлуки за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда "Мито Хаџи Василев- Јасмин", за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември", за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски" и Предлог на закон за државната ревизија, во прво читање.
По скратена постапка се предлага да се носат измени на Законот за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, по скратена постапка, измени на Законот за комуналните дејности, измени на Законот за градење, измени и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, измени на Законот за санитарната и здравствената инспекција, измени и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, Предлог на одлука за начинот на спроведување на интервју, оценување на исполнувањето на условите и бодирањето на кандидатите за членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Предлог на одлука за начинот на спроведување на интервју, оценување на исполнувањето на условите и бодирањето на кандидатите за членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија и Предлог на автентично толкување на член 23 став 1 точка 18 од Законот за данок на додадена вредност.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
-

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“
