„Безбеден град“ со вештачка интелигенција ќе регистрира возење без кацига

Системот „Безбеден град“ наскоро ќе добие нова функционалност со која автоматски ќе може да открива мотоциклисти што управуваат без заштитна кацига, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Од МВР информираат дека системот и сега регистрира сообраќајни прекршоци направени од мотоциклисти, а со следната надградба, преку примена на вештачка интелигенција, ќе може да препознава и дали возачот носи кацига.
Новината беше најавена за време на посетата на Тошковски на фестивалот „Мото Илинден Урбан драјв“ во Скопје, настан посветен на безбедноста на мотоциклистите и правилната употреба на заштитна опрема.
„Безбеден град“ официјално започна со работа во февруари годинава. Само во првиот месец биле регистрирани повеќе од 19.000 сообраќајни прекршоци, од кои најголемиот дел се однесувале на возење со брзина над дозволената.
Системот во моментов детектира и минување на црвено светло, како и управување возило со истечена сообраќајна дозвола.
Според податоците на МВР, во првите деобраќајни несреќи загинале 33 лица помалку во споредба со истиот период лани, што претвет месеци од годинава во составува намалување од околу 30 проценти. Бројот на повредени, пак, е намален за околу 19 проценти.
Со идните надградби се очекува „Безбеден град“ автоматски да препознава и дополнителни видови сообраќајни прекршоци.
Засега не е соопштено кога точно ќе започне примената на автоматското санкционирање на мотоциклисти кои возат без кацига.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
