Во Гевгелија спроведени две крводарителски акции

Во две одвоени акции во Гевгелија во организација на општинскиот Црвен крст и екипа од службата за трансфузиологија од гевгелиската општа болница собрани се вкупно 71 единица крв. Денеска во гимназијата во Гевгелија крв даруваа 38 гимназијалците, а 33 единици крв пред два дена беа собрани во акцијата што се реализираше заедно со фондацијата ,,Аполонија“.
- Од почетокот на годината до сега организиравме шест крводарителски акции од кои собравме вкупно 230 крвни единици не сметајќи ги оние што секојдневно се собираат во службата за транфузиологија во општата болница. Резултатот што го остваривме на полето на крводарувањето во првиот квартал од годината е над нашите очекувања и се надевам дека со исто темпо ќе продолжиме во текот на целата оваа година, рече секретарот на гевгелискиот Црвен крст, Младен Бундов.
Тој посочи дека следната акција ќе ја организираат со хуманитарното здружение на граѓани ,,Ристо Калеников,, веднаш по велигденскиот пост, односно во првата декада од месец мај.
Ново на Сител
-

НБА ги објави почетните состави за натпреварот на ѕвездите
-

Приведени четири возачи, управувале возила под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни незгоди
-

Пиштол пронајден во „шкода“ на територија на Кисела Вода, приведен 37-годишен скопјанец | ФОТО
-

Куманово: Во 1 по полноќ влегле во кафана бидејќи сакале да пијат алкохол, газдата не им дозволил па го истепале
-

Грчките земјоделци денеска ќе одлучат дали ќе продолжат со протестите и блокадите или ќе се повлечат
-

Стручно мислење: Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот
-

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година
-

РСБСП со апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот
