Бугарите со ќотек се бранат од мигрантите: Стотина тепачи тргнаа во акција

Група тепачи од Бугарија секој викенд после работа тргнуваат во „лов на бегалци“ во оваа земја за што сведочат и снимките објавени на ЈуТјуб.
„Бугарски тепачи бркаат бегалци“ е насловот на текстот објавен во германски Билд за ситуацијата во Бугарија, или како што пишува на почетокот на текстот „на новата балканска рута“.
Весникот следел тројца членови од „патролата“ во ридското подрачје на Странџа на бугарско-турската граница. Тие се викаат: Јуриј, Иван и Дано и носат маскирни униформи и војнички чизми.
Тие тројцата бараат инвазивни групи - односно не го споменуваат зборот „бегалци“. Јуриј, движејќи се низ грмушките бесно говори: „Сите ги повика Германија. Но оние кои ние ќе ги фатиме, ги враќаме назад во Турција, пишува весникот.
Бидејќи бугарско-турската граница е долга 260 километри, а само половина е обезбедена со ограда, криумчарите и бегалците имаат лесна работа. Има денови кога во земјата влегуваат повеќес стотици луѓе кои сакаат да го продолжат патот кон Германија, пишува Билд.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
