Ученици од Лондон на настава во основните училишта во Аеродром

Група од 11 ученици од Лондон, предводени од двајца наставници, денеска присуствуваа на наставата во основните училишта во општина Аеродром каде што имаа можност да се запознаат со македонскиот воспитно-образовен систем и начинот на одржување на наставата.
Станува збор за возвратна посета на учениците од Лондон откако минатата година општина Аеродром испрати ученици на настава во училиштето „Брнтвуд“ во збратимената лондонска општина Вандсворт. Децата заедно ги пречекаа градоначаникот на општина Аеродром Ивица Конвески, британскиот амбасадор во земјава Чарл Герет и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
- Посетата е благодарние на нашата соработката со општина Вандсворт во Лондон. Децата ќе присуствуваат на наставата во училиштата во општина Аеродром и ќе имаат можност да се зпознаат со културата на Република Македонија. Сместени се во семејства на нивните соученици од Македонија и сигурен сум дека ќе бидат задоволни од посетата и оти ќе посакаат повторно да бидат дел од проектот, изјави градоначалникот Конвески.
Тој посочи дека во септември годинава нова група ученици од општина Аеродром ќе одат во училиштето „Брнтвуд“ каде ќе учествуваат во воспитно-образовниот процес и додаде дека се надева оти сорботката на двете општини на ова поле ќе продолжи и во иднина.
Амбасадорот Герет ја поздрави иницијативата за размена на ученици меѓу двете општини и нагласи дека станува збор за возвратна посета на лондонските ученици кои лани беа домаќини на македонските ученци од општина Аеродром.
- Поддржувам вакви посети, бидејќи кога бев млад живеев во Русија, Германија и Австрија и имав прилика да искусам други култури. Аеродром и лондонски Вандсворт се збратимени општини и имаат многу добра билатерлна соработка, а денешната посета дава можност да се продлабочи знаењето за културите на Македонија и Англија и да се зајакнат културните и образовните врски меѓу Македонија и Британија, изјави Герет.
Посетата, додаде, дава можност и за надминување на стереотипите и предрасудите, како и за стеснување на јазот меѓу културите на двете земји.
Заменик министерот Ристовски порача дека образовниот систем на Велика Британија е еден од моделите врз основа на кој МОН сака да се реформира македонското образование.
- Делот кој се однесува на корекција и воведување на новите наставни програми и учебници кои ги работиме со Меѓународниот центар за образовни програми на Униуверзитетот Кембриџ ќе продолжи и следната година. Веќе сме во завршни подготовки за имплементација и очекувам во септември учениците од седмо до дветто одделение по предметите математика, хемија, физика и биологија да ги добијат новите учебници по новите наставни програми, изјави Риствоски.
Додаде дека продолжува и соработката со Јуниверзити колеџ од Лондон во делот на обука на наставниците и наставниот кадар.
Ново на Сител
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
-

Бесплатен влез на натпреварите на Македонија за најмладите фудбалери
-

Зеленски побара од Трамп да воведе санкции против руски и кинески компании што изготвуваат нова сателитска мрежа
-

Мицкоски: Охрабрени сме од пораките од Фон дер Лајен, но не и од ставот за уставните измени
-

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра
