Македонија
24. May 2016 - 8:48

Полскиот министер за внатрешни работи во посета на Македонија

Делегација на Полска предводена од министерот за внатрешни работи Мариуш Блашчак денеска ќе престојува во посета на Македонија.

За време на посетата, министерот Блашчак ќе се сретне со неговиот македонски колега Митко Чавков, а предвидено е да се одржи и состанок меѓу двете делегации. 

Полската делегација попладне ќе го посети и прифатниот центар „Винојуг“ каде ќе оствари средба со командирот на полскиот контингент.