Со свечена академија во Тетово одбележан Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Со свечена академија што се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово, денеска беше одбележан 24 мај, Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј. Организатор на свеченоста беше општина Тетово.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи во обраќањето на академијата рече дека Денот на сесловенските просветители Кирил и Методија уште еднаш го покажува значењето на науката и образованието. Истовремено, посочи таа, е ова е ден на просветните работници кои го продолжуваат нивното дело со ширењето на писменоста и знаењето кај нивните ученици низ генерациите.
- И оваа година ја одбележуваме работата на Кирил и Метродиј кои се големи дејци не само за македонскиот јазик и култура, туку имаат универзално културно значење. И папата Бенедикт 16 на едно од претходните чествувања има кажано дека нивната работа има вредност со тоа што христовото учење и вредности го пренесува и на сите јазици и на сите луѓе со што придонесува за просветителството кај сите европски народи со што освен историско тие добиваат и соодветно културно значење, истакна Арифи.
Таа ги потенцираше и активностите што локалната власт заедно со Министерството за образование и наука ги има преземено во сите основни и средни училишта под нивна надлежност.
Програмата за одбележување на празникот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј ја подготвија учениците од повеќе тетовски основни и средни училишта, а во рамки на одбележувањето на празникот благодарници за дадениот придонес во образованието добија сите просветни работници пензионирани во текот на минатата година.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
