ДС: Да се повтори постапката за „Шпион“
Демократскиот сојуз смета дека на сите против кои се води постапка во случајот „Шпион“ треба да им се даде шанса преку повторување на судската постапка, стои во денешното пишано соопштение од партијата, во кое се подвлекува дека целосно ја почитуваат независноста и самостојноста на обвинителството во целина, како и специјалното јавно обвинителство, но го задржуваат демократското право да ги коментираат одлуките.
Специјалното јавно обвинителство, се посочува во соопштението, го презеде случајот „Шпион“ и сигурно за тоа има и правен основ, но и цврсти докази и сомненија дека Јавното обвинителство или судот направил повреда на законите или уште полошо работеле под притисок и диктат на власта.
- Доколку е така мора да има повторно судење, секој осомничен во транспарентна постапка да може да ги презентира сите факти и докази, да се преоценат доказите и во целина обвинувањата. На овој начин има логика СЈО да го застапува обвинението против 18-мината за шпионажа, уцени и др., а да се бара намалување на казните без да се изведат докази за тоа дека казните се одредувани по налог на партијата на власт или моќници од безбедносните служби, тоа е апсурд и нема правна логика и аргументи, смета ДС, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната
-
На автопатот Демир Капија - Неготино пронајдени шест мигранти
-
Ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
-
Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари во очекување на инаугурацијата на Трамп
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025