Сто и педесет илјади долари за поплавените од дијаспората во Канада

Македонската дијаспора во Канада собра над 150.000 канадски долари, помош за настраданите од поплавите во Македонија.
Здружената македонска заедница во Канада во неколку хуманитарни акции организирани од црквите на Македонската православна епархија, македонски организации во Канада, активисти, подржани од македонската Амбасада и Конзулат во Торонто собра над 150.000 канадски долари за помош на настраданите од поплавите во Скопје и околините места.
Средствата се собрани во организираните две хуманитарни акции на 14 август во македонската православна црква Св. Илија во Мисисага и втората на 17 септември годинава во црквата „Св. Климент Охридски“ во Торонто.
Најголемата донација во вредност од 50.000 канадски долари беше дарувана од бизнисменот Крсте Ивановски. Вкупниот износ на донации организирани само во македонските православни цркви од Канада изнесува 107.650 долари. Уште неколку директни донации на поединци и организации од Канада ја достигнаа вкупната донација од македонската заедница во Канада до над 150.000 канадски долари.
- Иако физички не сме во Македонија, нашите срца и мисли се секогаш со Македонија, тоа не се само празни зборови, нашата љубов и хуманост за Македонија и македонскиот народ го покажавме на дело, велат од здружената македонска имиграциона заедница во Канада.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
