-->
-->
ЛШ: Одиграно осмото коло
-->
Во текот на викендот беше комплетирано осмото коло од ракометната Лига на шампионите. Европскиот првак Киелце го совлада Загреб и се изедначи со бројот на бодови во групата Б заедно со Вардар, во пресрет на меѓусебниот дуел во рамките од 9.коло во Полска. Во А групата ПСЖ и Барселона ја продолжуваат борбата за првото место, додека првата победа ја извојува и Кадетен Шафхаузен, па нема екипи без триумф сезонава.
Со двете победи по ред Металург се проби на третото место и дојде во шанса за пласман за разигрување, но ќе мора да победи и на следните два дуела. ВО Д групата Нант е сигурен на првата позиција.
Двојки од 8.коло и табели:
А група: Флензбург – Кил 25:26, Кадетен Шафхаузен – Висла 27:25. ПСЖ – Веспрем 28:24 и Барселона – Силкеборг 34:19.
Табела: ПСЖ 14 бодови, Барселона 14, Флензбург 9, Веспрем 8, Кил 8, Висла 5, Силкеборг 4, Кадетен Шафхаузен 2.
Б група: Вардар – Рајн Некар Ловен 26:29, Пик Сегед – Кристијанштад 33:28, Килеце – ППД Загреб 29:25 и Цеље – Мешков Брест .
Табела: Вардар 12, Киелце 12, ПИК Сегед 11, РНЛ 11, Мешков Брест 8, Цеље 5, Кристијанштад 3, Загреб 2.
Ц група: Чеховски Медведи – Елверум 26:31, Монпеље – Ла Риоха 37:27 и Металург – Татран Прешов 26:20.
Табела: Монпеље 12, Ла Риоха 9, Металург 8,Елверум 7, Чеховски Медведи 6, Татран Прешов 6.
Д група: Мотор – Динамо Букурешт 35:27. Холстебро – Брага 34:29 и Бешикташ – Нант 28:33.
Табела: Нант 13, Мотор 11, Бешикташ 9, Динамо (Б) 6, Холстебро 5, Брага 4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поплавени домови во Волково
-
Без струја повеќе места во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар и Радовиш
-
ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет
-
Возете внимателно во дебарскиот регион, има одрони
-
Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
ЦУК: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје
-
Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен
-
Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ