ЕК одлага враќање визи за граѓани на САД
Ако Европската комисија одлучи да бидат вратени визите за граѓани на САД за една година, тоа би предизвикало загуби од 6,8 милијарди евра за европската економија. Тоа синоќа го изјави еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос пред Европскиот парламент.
Според него, враќањето на визите ќе предизвика загуби на 140 илјади места во европската туристичка индустрија. Ако бидат вратени визите, бројот на посетители од САД во Европа ќе се намали за 22 отсто, јави БТА.
Прашањето беше поднесено од комисија на ЕП за граѓански слободи, правда и внатрешни работи. Претставникот на парламентарната комисија Клод Мораес нагласи дека прашањето со визите е принципиелно за односите на ЕУ со САД. Меѓу најпогодените од таквата одлука би биле Италија, Шпанија, Франција и Холандија.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп