Loading Video...
Свет
10. January 2025 - 16:30

Преглед на вестите од светот

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп октри дека се подготвува негова средба со претседателот на Русија Владимир Путин за да се стави крај на конфликтот во Украина.  Кога би се случила средбата , не даде детали.  Трамп вети дека ќе преговара за крај на војната во украина веднаш откако ќе ја преземе функцијата на 20 јануари и изрази скептицизам за американската воена и финансиска поддршка за киев. Состанок со Трамп брзо по инаугурацијата очекува и украинскиот претседател.

- Очекуваме средба  помеѓу претседателот Трамп и претседателот Зеленски затоа што за нас главната работа е да работиме заедно со америка кон мирот.се подготвуваме за контакти на највисоко и високо ниво веднаш по инаугурацијата, изјави  Георги Тихи, министерство за надворешни работи на Украина 

Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц не го прифатил предлогот за испраќање дополнителен пакет помош за Украина, во форма на оружје кое се проценува на три милијарди евра. Предлогот го дале министерката за надворешни работи Аналена Бербок и министерот за одбрана Борис Писториус.  Нивната цел како што соопштија  Бербок и Писторису  била Украина  да добие дополнителна воена помош пред изборите во Бундестагот закажани за 23 февруари.

Во Хрватска во недела ке се одржи вториот круг од претседателските избори.  Гласачите ќе имаат можност да изберат меѓу Зоран Милановиќ и Драган Приморац. Актуелниот претседател Милановиќ кој бара втор мандат во првиот круг освои 49,09 отсто од гласовите, а Приморац 19,35 отсто. Според  анкетите , Милановик ке победи во вториот круг.  Милановик е кандидат е на опозициската социјалдемократска партија, а Приморац  кандидат  на владејачката хрватска демократска заедница на премиерот Андреј Пленковиќ.