-->
-->
Божиќниот панаѓур на „Брајтшајд плац“ ќе биде отворен утре
-->
Божиќниот панаѓур на плоштадот „Брајтшајд плац“ во Берлин каде што завчера во терористички напад загинаа 12 луѓе, а 48 беа повредени повторно ќе биде отворен за посетители во текот на утрешниот ден.
Според германската Федерација на организатори на фестивали создадени се сите безбедносни услови за продолжување на вековната традиција на божикни собири во Германија, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Други десетина божикни панаѓури беа отворени денеска во главниот град кои што вчера беа затворени поради опасност од нови напади.
Дел од новите мерки кои што се додадени на предходно зајакнатите механизми за безбедност вклучуваат бетонски блокови кои што можат да спречат влез на камиони или тешки возила на панаѓурите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија