„Кробарометар“: Китаровиќ е најпопуларниот политичар во Хрватска

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китарович е најпопуларниот политичар во земјата, а потоа следи премиерот Андреј Пленковиќ, кој е попопуларен од неговиот претходник Томислав Карамарко, покажува истражувањето за јавното мислење „Кробарометар“.
Според податоците од истражувањето, најголем број од граѓаните и понатаму имаат позитивно мислење за Китаровиќ - вкупно 61 отсто од испитаниците, додека 32 проценти од нив имаат негативно мислење за неа.
Грабар-Китаровиќ е „најпопуларна“ во Хрватска, но нејзиниот претходник Иво Јосиповиќ во истата фаза од мандатот (во 2011 година) бил попопуларен од неа - за него тогаш позитивно мислење имале 80 проценти од испитаниците.
Истражувањето покажа дека поголем број од граѓаните (54) отсто даваат поддршка за работата на хрватската претседателка, 34 проценти од нив не ја одобруваат, додека 12 отсто немаат одредено мислење.
Истовремено, резултатите на „Кробарометар“ покажуваат дека политичарите ја губат поддршката на народот, а исто така расте и бројот на незадоволни.
Премиерот Пленковиќ ја завршува годината со висок рејтинг, односно 56 отсто од граѓаните ја поддржуваат неговата работа.
За претседателот на хрватскиот парламент Божо Петров, 47 отсто од испитаниците имаат негативно мислење, додека за лидерот на Социјалдемократската партија (СДП) Давор Бернардиќ граѓаните имаат поделено мислење - односно 38 отсто не ја поддржуваат неговата работа, а 37 проценит ја оценуваат за заслужена неговата функција.
Ново на Сител
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
-

Приведен 45-годишен гостиварец - Ја принудувал сопругата на сексуални односи и физички ги малтретирал нивните деца
-

Експлозивна направа фрлена кон куќа во Бардовци, предизвикала штета
