-->
-->
АТП: Стартна победа на Ѓоковиќ
-->
Вториот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ оствари победа во два сета на стартот од турнирот во Доха каде го брани трофејот освоен минатата година.
Популарниот Ноле го совлада Германецот Јан-Ленард Щруф со 7-6 (1), 6-3, што беше прв меѓусебен дуел на овие двајца тенисери. Ѓоковиќ првиот сет го доби во тај-брејк но во вториот оствари лесна предност и и до крајот не ја испушти.Мечот траеше час и 27 минути.
Во следниот круг Србинот ќе се сретне со Хорасио Зебалос (Аргентина) koj со 2-1 го совлада Флоријан Мајер (Германија).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
