Дваесет и пет години од потпишувањето на Договорот од Мастрих

На денешен ден пред 25 години во холандскиот град Мастрих потпишан е Договорот за Европска унија, од страна на тогашните министри за надворешни работи на Германија, Ханс - Дитрих Геншер и министерот за финансии, Тео Вајгел.
Договорот со кој е создаден нов политички ентитет - ЕУ стапи во сила на 1 ноевмри 1993 година. Договорот од Мастрих настана по распадот на Советскиот Сојуз и обединувањето на Западна и Источна Германија.
ЕУ е опишана е како ентитет составен од три столба: првиот столб има три постоечки Европски заедници - Европска заедница за јаглен и челик, Европска економска заедница и Европска заедница за атомска енергија.
Вториот столб е составен од систем на заеднички надворешни и безбедносни политики, а третиот ја опфаќа сферата која се однесува на правосудството и внатрешната политика.
Со овој Договор наложено е воспоставување на монетарна унија со посредство на воведување на единствена валута во три чекори, најдоцна до 1 јануари 1999 година.
Со Договорот за ЕУ земјите членки означија нова етапа во интегрирањето на „народите од Европа“ во се поцврста Унија, во која одлуките се донесуваат што е можно поблиску до граѓаните.
Со Договорот е зајакната улогата на Европскиот парламент во законодавниот процес и се воведува постапка на коодлучување, се прошируваат подрачјата во кои се одлучува со квалифицирано мнозинство и начелото на субсидијарност (второстепено одлучување) се поставува како општо начело на ЕУ.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
