Стотици Турци излегоа на улиците по гласините за нов обид за пуч

Стотици Турци минатата ноќ излегоа на улиците ширум земјата, откако на социјалната мрежа Твитер беше објавено дека во Анкара е во тек нов обид за воен преврат.
Како што јави БТА, по проширувањето на ваквата гласина, поголем група луѓе се собраа пред Претседателската палата „Бештепе“ во Анкара, кои вееја турски знамиња и скандираа „Нема да доволиме нов преврат“, „Нема да те дадеме“ и „Ќе останеш до крај на функцијата“, мислејќи при тоа на претседатлот на Турција, Рецеп Тајип Ердоган.
По ваквите собири се огласија повеќе владини претставници кои ги повикаа граѓаните да се вратат во своите домови.
- Браќа, бидете спокојни. Состојбата е под контрола, напиша на својот налог на Твитер пратеникот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), Метин Килинк.
Сепак и покрај ваквите повици десетици лица останаа пред Претседателската палата до раните утрински часови.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
