Дитман: Опасни изјавите за промени на границите на Балканот

Германскиот амбасадор во Србија, Аксел Дитман истакна дека сите изјави, кои имаат цел менување на границите на Балканот се опасни и оти Германија тоа нема да го прифати.
- Тоа јавно го кажувам и тоа е став на ЕУ, изјави Дитман во интервју за „Новости“ и порача дека е важно сите страни да ги намалат тензиите и да тргнат понатаму.
Тој истакна дека помирувањето останува важен предизвик во регионот и оти Србија во тој поглед покренала важни иницијативи и дека Берлин земјата ја гледа како централна држава и фактор на стабилност.
Дитман одговарајќи на прашање за благата реакција на Германија и ЕУ во врска со изјавите за големоалбанските аспираци нагласи дека одредени изјави не биле корисни.
- ЕУ на нив реагираше, но доколку се продолжи со коментирање на коментари се влегува во бескрајна спирала, смета Дитман.
- Важно е сега сите страни вербално да деескалираат. Сега е момент да се оди понатаму и да се намалат тензиите, додаде тој.
На прашањето зошто нема санкции против политичарите во Приштина и Тирана, кои даваат опасни изјави, Дитман рече дека сега е важно да постои конкретна соработка со цел стабилизација и соработка во регионот и да се гледа на иднината.
- ЕУ ја поддржува соработката во рамки на Берлинскиот процес, на пример со големи инфраструктурни проекти. Србија покрена важна иницијатива во рамки на Берлинскиот процес, тука е и иницијативата на српскиот и албанскиот премиер за воспоставување мрежа на млади. Србија изнесе и добри предлози за економска соработка во регионот, нагласи Дитман за „Новости“.
Тој истакна дека е мошне задоволен што српската страна мошне јасно изјавила дека е определена што е можно поскоро да продолжи дијалогот за нормализација на односите со Приштина и оти се надева дека тоа наскоро и ќе се случи и оти ќе се говори за отворените прашање, меѓу кои и за Заедницата на српските општини.
Ново на Сител
-

Прегазен 80-годишен пешак во Дебар
-

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада
-

МОН: Честит 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-

Мицкоски: Владата функционира одлично, нема да има предвремени парламентарни избори
-

Сенегалски навивачи осудени на затворски казни за инцидентите на Африканскиот куп
-

Лишени од слобода двајца тиквешани кои возеле под дејство на алкохол
-

Мицкоски: Во процесот на пристапувањето во ЕУ Македонија е жрвта на класичен булинг, се повеќе политичари во Брисел го признаваат тоа
-

Вашингтон го предупреди Брисел да не ја ограничува набавката на американско оружје
