Тркалезна маса за биодиверзитетот во охридско-преспанскиот регион
Експерти од Македонија и професорот Јос Ферхуфен, претседател на Европскиот огранок на Светското друштво на научници за блатни екосистеми, ќе учествуваат на денешната тркалезна маса за влијанието на планираните инфраструктурни проекти врз биодиверзитетот во охридско-преспанскиот регион.
Тркалезната маса ќе се одржи во Скопје, а ја организира Здружението за заштита на животни и животна средина Е.Д.Е.Н. во рамки на проектот „Избери страна“, финансиран преку Global Green Grants Fund.
Ферхуфен, кој е специјален гостин, ќе зборува за важноста и скапоценоста на блатните екосистеми, со посебен акцент на Студенчишкото Блато.
На тркалезната маса ќе биде презентирана и анализата на биодиверзитетот на регионот „Охридско-преспанскиот регион на крстопат помеѓу синилото и сивилото“ што ја изготви проф. д-р Трајче Талевски. Во анализата се проценети природните вредности на регионот, што е тоа што го прави уникатен поради што има статус на светско природно наследство, како и кои се заканите од планираните инфраструктурни проекти.
Заклучоците од тркалезната маса ќе бидат доставени до сите релевантни домашни и меѓународни институции за да се направат заеднички напори да се зачува интегритетот на регионот и да се спречи негово уништување.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението