Ноќна трка низ улиците на Скопје
По повод празникот 13 Ноември, Денот на ослободување на Град Скопје, Атлетската федерација на Македонија во соработка со Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов ќе организираат атлетска ноќна улична трка во централното градско подрачје на 11 ноември, в недела, со старт и цел на плоштадот Македонија во близина на Триумфална капија.
Патеката е кружна во должина од 1.200 метри и поминува преку плоштадот Македонија, сутерен на градскиот трговски центар, покрај Градска болница и Собранието, преку „Рекорд“ и старо „Мекдоналдс“ и повторно до плоштад Македонија.
Се очекува учество на 10-тина средни училишта од Скопскиот Регион, кои ќе се натпреваруваат во машка и во женска категорија на патеката во должина од 1.200 м или 1 круг, додека во главната трка на 6 километри се очекува учество на повеќе од 200 натпреварувачи во машка и во женска конкуренција, кои патеката од 1.200 м ќе ја свртат 5 пати.
Стартот на програмата е закажан за 15 часо , додека училишните трки почнуваат во 15:10 за момчиња и 15:20 за девојчиња, главата трка на 6 километри ќе стартува во 15:30 часот.
Предвидени се парични награди за најуспешните 6-мина во главната трка, додека во училишните трки за најбрзите 5-мина се предвидени стокови награди.
Ново на Сител
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет