Македонија
20. December 2024 - 12:26

Новата членка на Судски совет, Данка Ристова вели дека ќе работи без политички притисоци

Со Собранието утрово заклетва за нов член на Судски совет даде Данка Ристова сопруга на градоначалникот на Радовиш.

И покрај политичките обвинувања за нејзино партиско назначување Ристова вели дека функцијата ќе ја извршува професионално.

Заклетви денеска дадоа и уште еден член на Судскиот и еден член на Советот на јавни обвинители.