Нови и построги мерки на плажите во Грција
Нов сет мерки усвоија денеска грчките власти, поради коронавирусот, кои носат и нови забрани пред претстојната сезона. Според најновите одредби, не само што е ограничен бројот на луѓе кои истовремено можат да престојуваат на одредена локација, туку е регулирано и минималното растојание меѓу лежалките и чадорите за сонце.
Од денес дозволено е на површина од илјада метри квадратни да има максимално 40 луѓе, со тоа што чадорите мора да бидат на растојание од четири метри. Но, тука не е крајот на грчките „математички пресметки“ – чадорите покрај тоа треба да бидат поставени да исполнат минимум еден метар дистанца од сенката.
Под чадорот за сонце дозволено е да бидат поставени само две лежалки на растојание од 1,5 метри, а тоа правило нема да важи за семејствата со мали деца.
Усвоена е забрана за сите тимски спортови кои подразбираат близок контакт, како и низа на мерки за сите ресторани во кои уживавте во изминатите години. Забрането е организирањето на журки и подолгото задржување во угостителските објекти. Минималното растојание мора да биде 1,5 метри, а сите вработени мора да носат заштитни маски.
Компаниите кои нема да ги почитуваат овие мерки или пак дел од нив, во зависност од проценката колку голем ризик претставувале по јавното здравје, ќе бидат казнувани со парични казни во износ од 5 до 25 илјади евра, како и забрана за работа во период од 15 до 20 дена.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија