-->
-->
Нови корпи за отпадоци на улиците во Кичево
-->
За да се подобри хигиената во Кичево, на клучните сообраќајници, од страна на локалната самоуправа, односно од ЈП "Комуналец" се поставени нови корпи за отпадоци.
- По којзнае кој пат, а се со цел да се подобри јавната хгиена во градот, поставивме нови корпи за отпадоци на најфреквентните улици во Кичево. Новите корпи се поставени овој пат на електричните столбови, добро се видливи за минувачите и сметаме дека тоа ќе ги мотивира да почнат да се однесуваат европски и ситниот отпад да го одлагаат во овие корпи. Од претходното искуство ни е познато дека нашите сограѓани тешко ги менуваат навиките, но очекуваме и тоа еднаш да се промени, рече Зенел Јонузи директор на ЈП "Комуналец" од Кичево.
Тој додаде дека досега во повеќе наврати се поставувани нови корпи, дел од нив без никаква причина се искршени, а дел ги нема на местата каде што биле поставени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!