Облачно со повремен дожд и снег на повисоките планини
Времето денеска во земјава ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува умерен, а во западните и крајните источни делови повремено засилен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе се двиќи од 2 до 6, а максималната од 7 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од три до 10 степени.
И во недела ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости