Обвинение за убиство и за обид за убиство во Скопје
Обвинителен акт за убиство од јавен обвинител денеска беше доставен до Кривичниот суд Скопје против шурата кој во декември минатата година го уби зетот за сестра, а го рани внукот во расправија пред неговиот дуќан. Поради опасност да го убие и внукот, продолжен му е притворот.
ЈО соопшти дека обвинетиот на 20 декември со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да го убие со употреба на огнено оружје – пиштол марка „Чешка Збројовка“ VZOR 50 со калибар 7,65 мм, кој го поседувал без дозвола.
-Оштетените татко и син на критичниот ден дошле пред дуќанот на обвинетиот на улица „Московска“ и почнале да тропаат на вратата, упатувајќи му закани да отклучи и да излезе надвор за да ги решат меѓусебните недоразбирања. Тој без да отклучи го извадил пиштолот кој го држел без дозвола и го насочил кон нив. Во тој момент тие се оддалечиле, па обвинетиот ја отклучил вратата, мислејќи дека си заминале. Тогаш ги забележал како повторно се приближуваат, па пак влегол во дуќанот и со пиштолот започнал да пука кон нив. Притоа на еден од оштетените му нанел пет огнострелни повреди во градниот кош, стомакот и десната подлактица. Како резултат на повредите кај лицето дошло до нагло губење големо количество крв и тој починал на самото место. Другиот оштетен се здобил со тешки телесни повреди, се појаснува во актот на Обвинителството.
До Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело или да го доврши обиденото кривично дело.
Ново на Сител
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции
-
Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија
-
Директорката Иљази им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите
-
Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал