Македонија
31. January 2025 - 16:44

Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите

Од понеделник фирмите ќе може да аплицираат за парите од унгарскиот кредит. Формалностите денеска се завршени. Развојната банка ги потпиша договорите со комерцијалните банки и не постојат пречки за бизнисот да ги користи 250 те милиони евра. Парите нема да можат да се користат за рефинансирање на постоечки кредити, туку само за нови проекти. Според министерката за финансии , државата ќе има увид кои компании и од кој сектор ќе земаат од евтиниот кредит, а ризикот за клиентите паѓа на банките. 

Ризикот е кај банките, тие одлучуваат на кого ќе дадат кредит и дали тие компании имаат издржани планови, државата не презема ризик. Во тој дел државата не може, ниту има право да се меша, изјави денеска Димитриеска-Кочоска, миниситер за финансии.

Премиерот очекува со овие пари да се подржат домашните компании кои ќе генерираат раст. Бенефит од тоа ќе имаат и граѓаните и државата.

Нас ни е потребен драјвер за повисок раст на БДП. Економијата да расте со поголеми проценти, вработените да земаат повисоки плати, стандардот да биде поголем, да си ги задржиме луѓето дома, изјави премиерот Христијан Мицскоски.

Компаниите ќе можат да земат најмногу 10 милиони евра кредит, и треба да имаат 20% сопствено учество. Првите три  години е  грејс период , а за следните 12  камата изнесува 1,95 отсто.