-->
-->
ОПЕК: Побарувачката за нафта ќе се намалува
-->
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) соопшти дека глобалната побарувачка за нафта постепено ќе се намалува. Сепак, фосилните горива и во иднина ќе бидат главен извор на енергија.
ОПЕК наведе дека глобалната годишна просечна побарувачка од 1,3 милиони барели дневно меѓу 2016 и 2020, ќе се намали на 300.000 барели дневно до 2035-2040 година.
Во објавениот редовен годишен извештај, ОПЕК наведе дека обновливата енергија ќе има најбрз раст, но дека уделот во вкупната енергија ќе биде под 5,5 отсто до 2040 година.
Според извештајот, фосилните горива, кои претставуваат 81 процент од изворите на енергија во 2015 година, до 2040 година ќе паднат на 74 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите