Македонија
6. March 2025 - 16:36
Опозицијата најавува закон за минимална плата
Опозицијата и денеска во Собранието констатираше дека власта води лоша економска политика која го влошува животниот стандард на граѓаните. Од СДСМ бараат Владата да ја зголеми минималната плата на 500 евра.
Во спротивно велат дека ќе поднесат нов закон за минимална плата.
Од ВМРО-ДПМНЕ ваквите најави ги оценуваат како несериозни. Очекуваат стопанството и синдикатите сами да се договорат за минималната плата.
-->
-->