Опремата која е дел од вежбата„Dragoon Guardian 17“ промовирана пред скопјани
Воената опрема на инженерискиот сквадрон на копнените сили на Армијата на САД за Европа и на инженерискиот баталјон од Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ вчера беше претставена пред граѓаните на Скопје.
Од Министерството за одбрана соопштија дека опремата која се состои од воено теренски возила, лично вооружување, медицинска , заштитна опрема, опрема за детекција на експлозивни средства, припадниците двете армии ќе ја користат на заедничката вежба „Dragoon Guardian 17“.
Според заменик-министерот за одбрана Беким Максути, кој заедно со амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли присуствувале на презентацијата, оваа вежба е круна на соработка помеѓу двете армии.
- Билатералната соработка меѓу Македонија и САД е одлична и оваа вежба која е дел од соработката во одбраната покажува дека најголем поддржувач на Република Македонија за членство во НАТО се токму САД. Република Македонија де-факто е подготвена уште денес да стане дел од Алијансата, меѓутоа се надеваме дека и другите пречки кои и се добро познати на јавноста, полека, со една позитивна клима и со еден добар пристап, ќе успееме да ги надминеме и што поскоро да бидеме дел од НАТО, истакнал Максути.
Цивилно воената соработка со општините продолжува и наредните денови. Денеска ваков вид на презентација ќе имаат можност да погледнат жителите на Штип и Велес.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата