Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев нема да прифати никакви договори за иднината на Украина што би биле постигнати меѓу Москва и Вашингтон без присуство на украински претставници.
„Важно е да не се дозволи сценариото на (рускиот претседател Владимир) Путин, според кое тој ќе се обиде да постигне двострани преговори со САД, без Украина на масата за преговори“, изјави Зеленски на прес-конференција.
Тој истакна дека Украина ќе инсистира не само на свое активно учество во сите мировни процеси, туку и на ангажманот на европските партнери.
Европа мора да биде вклучена во овие разговори, бидејќи безбедноста на нашиот континент не е прашање што може да се решава само меѓу Вашингтон и Москва, додаде Зеленски.
Како независна држава, едноставно нема да можеме да прифатиме никакви договори без нас, им рече Зеленски на новинарите за време на неговата посета на украинската нуклеарна централа на патот кон Минхенската безбедносна конференција денеска.
Телефонскиот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со Путин и забелешките на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, кој рече дека Украина не може да се приклучи на НАТО и дека е нереално да се врати на границите пред 2014 година, предизвикаа загриженост во европските земји дека Белата куќа може да се обиде да склучи договор со Русија без нив.
Ново на Сител
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина