Loading Video...
Свет
13. February 2025 - 16:41

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Доналд Трамп  изјави  дека Укриана  не треба да очекува враќање на своите граници од  пред 2014 година и  ја отфрли можноста Украина да стане членка на Нато Алијансата.  Изјавата ја даде на прес конференција во Белата куќа по последователните  телефонски разговори со рускиот претседател  Владимир Путин  и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп рече и  дека и Путин  и Зеленски  се согласиле дека решение  за војната  во Украина  е можно преку мировни преговори.  Откри дека  со Путин договориле  средба  лице в лице за Украина   во скоро време   а американски и руски  тимови веднаш да почнат  преговори за ставање  крај на војната.

- Имавме одличен повик и тој траеше долго, повеќе од еден час. имав и многу добар повик со претседателот Зеленски после тоа. И мислам дека сме на пат да постигнеме мир. мислам дека претседателот Путин сака мир, претседателот Зеленски сака мир и јас сакам мир. Само сакам да видам дека луѓето престануваат да се убиваат“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.

Зеленски дециден   нема да прифати какви било мировни договори помеѓу сад и русија, постигнати без Украина.

- Важно е сè да не оди според планот на  Путин, во кој тој сака да направи сè за неговите преговори да бидат билатерални - меѓу него и САД. Ние, како суверена земја, едноставно нема да можеме да прифатиме никакви договори без нас, вели украинскиот претседател.

Укрианскиот претседател доби подршка  од  водечките членки на ЕУ , Велика Британија  и ЕК.

Автомобил влета во толпа луѓе на тротоар во центарот на германскиот град    Минхен утрово, при што се повредени 28 мина. во критична состојба се двајца од повредените.   Возачот, 24 годишен   баратаел на азил од Авганистан  е приведен. Инциднетот се случи   неколку часа  пред американскиот потпретседател Џеј ди Венс и укрианскиот претседател Володимиер Зеленски да пристигнат во  градот  на безбедносна конференција   посветена на војната во Украина.  Утре Ќе почне тридневната конференција а најавено е учество на бројни високи политичари од целиот свет. Засега властите не можат да кажат дали инцидентот  има некаква поврзаност  со конференцијата.

Една работа што морам да ја кажам сега е дека веројатно станува збор за напад. Има многу знаци за тоа. СЕ друго допрва треба да се утврди. Има авганистански државјанин. ќе ги разјасниме сите детали, изјави  премиерот на покраината Баварија.