Преглед на вестите од светот
Реторички искри и на вториот ден на Михненската конференција за безбедност. Дојде време за создавање на европска армија како одговор на военото засилување на Русите, потенцираше украинскиот претседател во својот говор.
Зеленски кој пред почетокот на говорот беше поздравен со стоечки овации од светските лидери, го оцени Путин како несигурен партнер за преговори и потенцираше дека нема да прифати никакви преговори позади неговиот грб.
Германскиот канцелар пак Олаф Шолц, му упати и силен укор на американскиот потпретседател, којшто вчера својот говор го темелеше на остра реторика, Му потенцираше дека не е во ред другите да и кажуваат на Германија и на Европа што да прават.
Сите денешни сесии и состаноци се очекува да бидат фокусирани на последиците од говорот на Џеј Ди Венс, кој ги обвини европските лидери за цензурирање на слободата на говорот и неуспехот да ја контролираат имиграцијата, наместо како што и првично се очекуваше мирните пеговори за војнната во Украина.
Започна 15-часовната блокадата на студентите во центарот на Крагуевац, кои повеќе од два месеци се на улиците и бараат правда и одговорност за смртта на 15 лица при уривање на настрешница во Нови Сад.
Денеска се организирааат бројни настани, изложби, спортски активности.
Граѓаните од Крагуевац, вчера ги дочекаа студентите кои пристигнаа во градот пеш од различни градови во Србија. Имаше масовен протест, а барањата исти.
Силно невреме од вчера беснее во Кефалонија и Закинтос. Истото предизвикаа поплави и одрони, а зароби и граѓани.
Властите издадоа итно предупредување до граѓаните за опасни времснки појави во следните 24 часа и да го ограничат своето движење.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар