Општина Куманово ќе набави работна униформа за пожарникарите
Општина Куманово распиша тендер за набавка на работна униформа за пожарникарите од територијалната противпожарна единица Куманово.
Според објавениот оглас за набавка на униформите, објавен на Бирото за јавни набавки, Општината проценува дека ќе одвои 2.542.000 денари без ДДВ.
Заинтересираните компании треба да достават мостри за заштитино интервенциско проитвпожарно одело, противпожарни чизми, ракавици, сите изработени согласно стандарди, чии што детали се опишани во јавниот оглас. Економските оператори ќе треба да ги достават понудите до 26 јули годинава кога и јавно ќе бидат отворени во просториите на општина Куманово. Претходно, заинтересираните компании ќе можат да поставуваат прашања до 20 јули годинава. Важноста на понудите истекува за 90 дена.
- Набавката на заштитната работна униформа е исклучително значајна за пожарникарите, изјави, командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Противпожарната единица Куманово е една од 14-те републички единици што ги покрива општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Единицата располага со осум противпожарни возила и има околу 50-тина вработени.
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан