Орбан вели дека Украина по војната треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изложи контроверзна визија за иднината на Украина, сугерирајќи дека по војната таа треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, објави ДПА.
Орбан во интервју за весникот „Ди Велт“ посочува дека неизбежно ќе треба да се направат територијални отстапки кон Русија, а големината и капацитетите на вооружените сили на Украина ќе бидат намалени.
Тој ги даде своите коментари по контроверзната посета на Москва, каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и нагласува дека Унгарија има интерес за стабилни и профитабилни снабдувања со енергија од Русија. Истакнува дека е време да се остават настрана илузиите и да се прифати реалноста наведена во планот од 28 точки на САД за завршување на војната во Украина.
Одложувањето на договорот би и користело на Русија, а не на Украина, и би довело до губење на повеќе територии и животи, нагласува Орбан.
Тој потенцира дека Русија постепено ќе биде реинтегрирана во глобалната економија според американскиот план, со укинување на санкциите со текот на времето. Според него, европската поддршка за Украина е целосно на штета на населението. Тој ја отфрли идејата замрзнатите руски средства да имаат финансиски придонес во таа насока. „Крај на приказната дека Европејците ја финансираат војната со руски пари“, додава Орбан.
МИА
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
