Османи предлага 14 април да биде Ден на жртвите на сексуалното насилство
Претседателката на Косово, Вјоса Османи објави дека од денеска 14 април, под покровителство на претседателот на држвата, ќе се одбележува како Ден на лицата кои преживеале сексуално насилство во војната од 1998-99 година во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Својата иницијатива Омани ја објави по денешната средба со актуелната пратеничка во Собранието на Косово, Васфије Красниќи-Гудман, која на денешен ден 1999 година, на 16-годишна возраст, била насилно одведена од нејзиниот дом и силувана од припадници на српските сили.
Косовската претседателка на својата официјална страница на Фејсбук напиша дека, во консултации со Владата на Косово, ќе се заложи да се преземат сите потребни институционални чекори датумот 14 април да биде одбележан со закон.
– Како што таа (Красниќи-Гудман) храбро ја сподели болката, храброста и вистината со нас и со целиот свет, исто така и ние треба да се бориме заедно со неа и со многу жени и мажи, за да ја кажеме вистината и за да бараме правда. Но, како што Васфије успеа да живее, да преживее, да триумфира, нејзиниот пример и храброст нека ни послужат како патоказ во барањето правда и во комуникаццијата со другите за овој дел од нашата историја. Васфије не е сама – ниту во тоа доживување, ниту пак во патот по кој тргна за да ја донесе правдата. Таа е гласот на сите 20.000 преживеани жртви на сексуалното насилство во последната војна во нашето Косово, напиша Османи.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости