Отпечатена на македонски јазик брошурата за заштита на малцинствата во Албанија
Албанската институција Комесар за заштита од дискриминација ја отпечати и на македонски јазик брошурата за заштита на малцинствата во оваа земја, по упатеното барање од страна на македонското друштво „Илинден“ за исполнување на даденото ветување за печатење на брошурата и формуларот за поплаки и на македонски.
- Конечно брошурата е испечатена и на македонски јазик, покрај на албански, грчки, влашки и англиски, како што беше до сега. Откако во февруари добивме позитивен одговор на нашето барање борушата и формуларот дека ќе бидат испечатени и на македонски, од тоа немаше ништо. Оваа последователна неправда не можевме да ја трпиме. Затоа повторно се обративме со барање ветеното да се реализира, вели Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден “ со седиште во Тирана.
Ново на Сител
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање