Пад од 3,5 проценти на умрени од насилна смрт во 2020, најмногу несреќни случаи, a еден од четири е самоубиство
Бројот на умрени лица од насилна смрт во 2020 година е намален за 3.5 проценти во однос на претходната година и изнесува 438 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет во државата учествуваат со 1.7 отсто, а во структурата според полот, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, и тоа 72.8 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголемо учество во вкупниот број случаи на насилна смрт, имаат несреќните случаи со 70.5 проценти, самоубиствата со 24 отсто и убиствата со 5.5 проценти.
Во категоријата несреќни случаи на прво место се умрените лица од „други надворешни причини“ за случајна повреда, со учество од 43.2 проценти во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.
Кај категоријата самоубиства на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација со учество од 16.7 отсто во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.
Во категоријата убиства на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин со 3.0 отсто во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје