Папата Франциско првпат ја посети Англиканската црква
Папата Франциско е првиот католички поглавар кој ја посетил англиканската парохија во Рим, користејќи ја историската прилика да влијае за поголема блискост, по повеќевековната недоверба, предрасуди и непријателство меѓу двете цркви.
Папата и англиканскиот бискуп во Европа Роберт Инес се молеле вчера еден покрај друг во црквата Сите свети, што се наоѓа во близина на Шпанскиот плоштад во центарот на Рим.
Инес го поздрави папата и солидарноста што ја покажува кон бегалците и мигрантите.
Папата во неговиот говор истакна дека англиканците и католиците имаат долгогодишен „поглед едни кон други полн со сомневања и непријателство“ и дека постоела повеќевековна недоверба.
- Со тек на време, напредокот на нашиот пат кон целосно заедништво може да изгледа спор и несигурен, но денес можеме да бидеме охрабрени со овој наш собир, нагласи папата Франциско.
Англиканската црква се одвоила од католичката во 16 век, откако на англискиот крал Хенри Осми не му било дозволено понитување на брак.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба