Loading Video...
Свет
27. March 2023 - 16:31

Парализиран сообраќајот во Германија, работниците бараат 500 евра поголема плата

Во Германија на сила е еднодневен генерален штрајк во транспортниот сектор  кој го парализираше  железничкиот, воздушниот и поморскиот сообракај. Со барање за повисоки плати за најмалку 500 евра,  штрајкот го организираа  железничкиот и транспортниот синдикат ЕВГ и синдикатот на јавниот сектор Верди кои заедно претавуваат  речиси три милиони работници.

- Кириите, особено овде во областа Франкфурт веќе не се податливи. Луѓето имаат две-три работни места за да врзат крај со крај и нашите барања се минимален услов. Затоа, треба да останеме цврсти и да ги одржуваме нашите барања.

Денешниот штрајк е еден од најоглемите штрајкови на транспортните работници  во Германија во последните  децении, а тамошните медиуми го нарекоа мегаштрајк.  И покрај проблемите што ги предивика штрајкот во транспортниот сектор според анкетите 55 отсто од германците имаат разбирање за штрајкот. 

Низ Израел  продолжуваат  масовните и насилни  протести  поради  плановите  на премиерот Бенјамин Нетањаху за промена на правниот систем.

Според критичарите, предлозите на Нетањаху  ќе значат поголема контрола на Владата  врз судските назначувања, ослабнување на Врховниот суд и одврзани раце за Парламентот за поништување на судските одлуки со просто мнозинство  

Револтот кај израелците дополнително се зголеми откако премерот му врачи отказ на министерот за одбрана Јоав Галант кој јавно побара повлекување на предложените реформи на кои се противи и армијата. Истото барање до Нетањаху стигна и од  израелскиот претседатател. Има шпекулации дека Бенјамин Нетањаху ќе ги пазурира плановите за промена на правниот систем.

Албанската полиција трага по четворица мажи,  оосмничени за синоќешното пукање  со огнено оружје кон зградата на телевизијата „Топ Чанел“ во Тирана при што беше убиен чуварот на објектот.

Нападот од засега непознати причини се случил околу 1 часот по полноќ за време на снимањето на реалното шоу „Големиот брат“. По пукањето напаѓачите побегнале со украден Ренџ Ровер,а недолго потоа го запалиле на блискиот автопат и исчезнале во непознат правец..

Албанскиот државен врв побара од надлежните брза и целосна истрага  за инцидентот. Напад врз медиум е флагрантен напад врз демократијата оцени мисијата на ОБСЕ во Албанија, и ги повика органите на прогонот да спроведат сеопфатна истрага која ке ги изведе одговорните пред лицетот на правдата.