Преглед на вестите од светот
Рускиот претседател Владимир Путин и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов го објавија заземањето на источноукраинскиот град Северск, отворајќи го патот за понатамошни напредувања. Руската војска соопшти дека нејзина следна цел е да го заземе градот Славјанск, во кој живееја повеќе од 100.000 луѓе пред почетокот на војната во 2022 година.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини европските поддржувачи на Украина дека вршат притисок врз САД за безбедносни гаранции како дел од тековните дискусии за ставање крај на војната. Тој рече дека Европејците се обидуваат да го принудат Вашингтон да обезбеди безбедносни гаранции за Украина, игнорирајќи ги безбедносните интереси на Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи дека секаков компромис меѓу Украина и Русија во врска со контролата врз нејзините источни региони мора да биде „праведен“ и потврден на „избори“ или „референдум“. Тој потврди дека САД му предложиле на Киев да се повлече од областа што сè уште ја контролира во регионот Доњецк и да создаде „слободна економска“ и демилитаризирана зона на тоа место, без присуство на руски сили. Зеленски рече дека американската страна сè уште „не знае“ кој би управувал со таа демилитаризирана зона. Тој додаде дека Вашингтон предлага повлекување на руската војска од украинските региони Суми, Харков и Дњепропетровск, но и нивно останување во регионите Херсон и Запорожје.
Американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери го сакаат „истото“ за Украина со „праведен и траен“ прекин на огнот, истакна британскиот премиер Кир Стармер, додека продолжуваат мировните напори околу планот предводен од САД за прекин на војната со Русија. Стармер рече дека има „голем број прашања што сè уште треба да се решат.
Две лица беа убиени, а две беа повредени во руски воздушен напад врз село во регионот Суми во текот на вчерашниот ден соопштија локалните власти. Спасувачки екипи извлекуваа тела од погодената зграда. При рускиот напад во воздушна водена бомба била погодена локална продавница со луѓе внатре.
Земјотрес со прелиминарна магнитуда од 6,7 степени го погоди североисточниот регион на Јапонија утрово. Земјотресот се случи околу 11:44 часот според локално време. Посилен земјотрес со магнитуда од 7,5 степени го погоди истиот регион во понеделник вечерта.
По земјотресот во понеделник, владата издаде посебно предупредување до жителите да бидат во готовност за зголемена можност за повторно силен земјотрес во рок од една недела.
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за бранови високи до 1 метар.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
