Пендаровски: Многу малку како држава одвојуваме за образованието
Многу малку, недозволено малку, како држава одвојуваме за образованието. Процентот по глава на жител во Европа покажува дека сме на дно, истакна денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на презентацијата на проектите реализирани во рамки на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere INNO SAE, на Факултетот за електротехника и информациските технологии во Скопје.
Тој истакна дека одвојувањето на средства за истражување и развој е многу мало.
– Не постои држава која има задоволителн економски раст, а одвојува толку малку, како што ние како држава одвојуваме со децении за жал, во оваа област, рече претседателот.
Тој, во однос на проектите, изготвени од страна на студентите, истакна дека се „пионерски потфат“, на кој треба да се огледаат и другите Универзитети.
Ново на Сител
-
Таравари: Се уште немам решено дали ќе бидам министер за здравство
-
Определени мерки за претпазливост за Иџет Мемети
-
Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Милошоски: Нова Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ до 20 јуни
-
По прегласувањето во ИЕ 6 „Европски фронт“ изгуби, а „Вреди“ доби еден мандат, без промени во ИЕ 5
-
Претседателката Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата Франциск
-
Мексико: Девет жртви откако ветер урна дел од бина на предизборен настан
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите