Пентагон формира работна група за анализа на појави на НЛО
Министерството за одбрана на САД одлучи да формира работна група за испитување на појава на неидентификувани летачки објекти (НЛО), се вели во соопштението на Пентагон.
Целта е да се подобрат перцепциите за тој проблем и за природата и потеклото на НЛО. Мисијата на работната група е да ги откријат, анализираат оние НЛО што можат потенцијално да претставуваат закана за националната безбедност на САД, се вели во документот.
Телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на официјални претставници на министерството, објави дека Пентагон е во процес на формирање таква работна група, при што проектот го предводи првиот заменик секретар за одбрана Дејвид Норкист.
Во јуни, Доналд Трамп вети дека ќе размисли за отстранување на тајноста од материјалите за НЛО и особено за т.н. „Инцидент од Розвел“ што се случи на 4 јули 1947 година.
На крајот на април годинава Пентагон објави видеа од морнарицата на САД, кои според извештаите на медиумите се снимени „воздушни феномени“ што се карактеризираат како неидентификувани. Тие снимки направени се од американски воени авиони во ноември 2004 и јануари 2015 година.
Одамна се криени од министерството, иако нивната автентичност подоцна беше потврдена од морнарицата на САД. Кон крајот на 2017 година, се дозна дека Пентагон има тајна програма за собирање и анализа на податоци за „воздушно-вселенски закани“, за што биле потрошени десетици милиони долари. Првично, таа програма била во одделот за разузнавање на Министерството.
Ново на Сител
-
Златен џебен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти
-
Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип
-
Лазаров го објави списокот на ракометари за собирот пред средбите со Фарски Острови
-
Силва го напушта Челси на крајот од сезоната
-
Партиите и коалициите продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен
-
125 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина
-
На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај