Бизнис
15. September 2026 - 16:33

Пензионерите ќе можат да си докупат стаж за да имаат право на пензија

Пензионерите ќе можат да си докупат 2 години стаж и да се стекнат со право на пензија. Лицата со навршени 62 за жени и 64 за мажи, кои работеле 13 години, наскоро ќе можат да си уплаќаат по 6,5 илјади денари месечно и со тоа да имаат право на пензија.

Информацијата денека ја усвои Владата и Министертвото за социјална политика треба да го подготви предлог-законското решение за пензиско осигурување. Со измените се очекува да бидат опфатени околу 900  лица.

- Според пресметките што ги правевме, ќе треба да уплаќаат 50% од придонесите за пензиско од просечната плата минатата година, што значи околу 6,000 до 6,500 денари за еден месец, односно за месеците кои им фалат до законскиот минимун од 15 години стаж за стекнување право на пезнија, изјави Ѓоко Велковски, министер за социјална политика и демографија

Ресорниот министер уверува -  старосната граница за пензионирање за сега останува иста. Се анализиираат измени во 2 задолжителен пензиски фонд, каде осигурениците сами ќе бираат дали да останат во него или да се префрлат во првиот.

- Првите 147 пензионери кои излегоаа, односно зедоа пензија и од првиот и од вториот фонд – не се задоволни. Затоа потребна е серозна анализа, работната група веќе работи на тоа и ќе се донесе прифатливо решение за реконструкција на вториот пензиски столб, додаде Велковски

За поголем принос на идните пензионери, Велковски најави дека ќе се воведуваат мултифондови. Во зависност од возраста на осигурениците, ќе има различни портфолија – за најмладите парите ќе се оплодуват во поризични фондови за да имаат повисока пензија во иднина, додека за повозрасните – ќе остане конзерватнивниот модел, каде парите се уплаќаат во најмалку ризични фондови. Во моментов, во вториот задолжителен пензиски столб членуваат нешто над 640 илјади осигуреници.