Петровска: Постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Славјанка Петровска соопшти дека постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки.
– За да се борите против криминалот треба да го осудите криминалот во сопствените редови. Следниот пат кога ќе застанете пред камера со обвинувања, прво проверете дали ги знаете сите информации или сте наседнале на нечија провокација или непознавање. Постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки, стои во соопштението на Петровска во врска со ставовите на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Институциите, како што се посочува, работат и ќе ги испитаат сите наоди, па макар тие биле и паушални обвинувања поттикнати од партиски интереси.
– Компанијата која ја обвинувате за соучесник во наводен корупциски криминал е германска компанија во која 40 отсто сопственик е државата, СР Германија, потенцира Петровска.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива