-->
-->
ПФЛ:Ренова сигурна на домашен терен
-->
Екипата на Ренова постигна победа од 3:1 против Академија Пандев на првиот дуел од 13.коло од Првата фудбалска лига одигран попладнево во Тетово. Ова е шестиот натпревар на домашен терен, на кој екипата на Ренова нема пораз.
Ренова поведе во 27.минута со голот на Арѓент Гафури, а на 2:0 зголемиНенад Мишковски во 36.минута. Три минути подоцна беше 3:0 за домашниот тим со голот на Бразилецот Лукао. Голот за Академија Пандев го постигна Ѓорѓи Марков во 86.минута.
Утре се играат другите дуели од 13.коло: Скопје – Пелистер, Силекс – Вардар, Работнички – Шкупи и Победа – Шкендија. Почетокот на дуелите е во 13:30 часот.
Табела: Шкендија 28 бодови, Академија Пандев 21, Вардар 19, Силекс 18, Ренова 17, Шкупи 15, Работнички 13, Пелистер 12, Победа 12, Скопје 6.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста