Пингвини од Чиле и Аргентина најнова атракција во Зоо Скопје
Во Зоолошката градина во Скопје денеска официјално беше отворен „Заливот на пингвините“, со што прв пат Зоо Скопје е дом на овие егзотични птици, а тие се најголема атракција.
Се работи за пингвини кои живеат во топли краишта и потекнуваат од Чиле и Аргентина. Моментално има девет пингвини, кои пристигнале од Италија во декември 2020 година, а сега пристигнале и други шест пингвини од Москва, со што е комплетирана групата пингвини во Зоо Скопје.
Војо и Маја, кои се грижат за пингвините од нивното доаѓање во ЗОО, посочуваат дека 90 години и повеќе функционира Зоолошката градина, но досега немало пингвини и немале искуство од кое можеле да научат, но заеднички како тим добро се вклопиле за да може да ги адаптираат овие животни овде.
Живеалиштетот, вели Војо, било прилично комплицирано затоа што од едната страна имало фламинга, а од другата страна пингвини, две тотално различни егзотични птици што треба да се адаптираат.
– Зоолошката градина е една магија, илузија, што треба да ја создадеме за да можете да мотивирате повеќе емпатија на животните и природата, кај самата публика да ја создаде за да може да ги сакаат и почитуваат повеќе животните, изјави Војо.
Нагласи дека пингвините бараат многу нега на стапалата, бараат свежа риба, што е комплицирана варијанта, како што рече, бидејќи неколку пати на ден треба да се одмрзнува и да се средува таа риба.
– Живеат во Чиле и во Аргентина каде имаат често пати потреба од ветер и затоа направивме специјални вентилатори, што ќе ги палиме повремено за да можеме да ги разладиме пингвините. Но, прв пат имаме живеалиште кое филтрира вода и потоа истата ја употребува. Гледаме да го направиме најдоброто за животните, појасни Војо.
Ѓорѓи Галетановски, директор на Зоо Скопје, по овој повод денеска меѓу другото посочи дека нивната мисија е да се подобри животот на сите животни, децата да ја имаат зоолошката градина за своја и ќе се продолжи со разубавување на живеалиштата се додека на влезат во Европската асоцијација.
Според градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов со ова се дооформува целиот комплекс, што заедно со живеалиштата на фламингосите Фрадот Скопје и ЗОО ги чинело околу 18 милиони денари.
Во изминатите три години, посочи Шилегов, во ЗОО се направени многу работи и го спомена Дино паркот во кој досега имало преку 60 илјади посетители, што покажува, подвлече, дека Градот е должен и понатаму да инвестира во вакви атрактивни содржини, што ќе ги привлекуваат посетителите, а истовремено ќе бидат и едукативни за најмладите.
Ново на Сител
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис