Пиоли: Доколку Милан не го победи Интер, оваа сезона ќе биде многу слична на претходната
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не е задоволен од синоќешното реми на дербито со Јувентус. Мечот од 23. коло во Серија А заврши нерешено 0:0.
– Знаевме дека натпреварите против Јувентус и Интер ќе кажат многу за нашата иднина. Ако не го победиме Интер во следното коло, тогаш оваа сезона ќе биде многу слична на претходната, кога го освоивме второто место и ризикувавме да не влеземе во Лигата на шампионите. Имаме свој стил на игра. Треба да разбереме дека ако сакаме повторно да постигнеме нешто посебно, мора да дадеме сè. Денеска видов многу индивидуални изведби на многу високо ниво, изјави Пиоли.
По овој меч Милан е трет на табелата со 49 бодови, Јувентус е петти со 42 бода. Лидерот Интер има 53, Наполи е втор со 49.
Во следното коло, на 6 февруари Милан ќе му гостува на градскиот ривал Интер.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд