Loading Video...
Спорт плус
26. August 2023 - 20:04

Пливачи од Италија и Франција доминираа на Охридскиот пливачки маратон

На охридското езеро денеска се пливаше 36-тото издание на Охридскиот пливачки маратно на кој кај мажите победи Алесио Окипинти од Италија, кој 25 километарската патека ја исплива за 4 часа, 53 минути и 14 секунди, со што по седум години го постави новиот рекорд на Охридскиот маратон.
Во женска категорија победи Каролин Жуис од Франција која од Свети Наум до кејот на Охрид исплива за 5 часа, 5 минути и 59 секунди.
Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги пречека учесниците на 36-от Охридски пливачки маратон, 
Истакнувајќи дека сите 15 учесници придонесуваат за афирмацијата на Охрид и Македонија .
Фото Дерби.мк